fbpx

Nissan го претстави целосно електричниот Hyper Force концепт

Hyper Force e концепт за спортски автомобил со 1.360 КС и ја претставува следната еволуција на легендарниот GT-R во електричната ера

Нисан го откри Hyper Force, целосно електричен спортски автомобил со 1.360 КС (1.000 kW) и GT-R ДНК. Концептот ја содржи технологијата за контрола на сите тркала на Nissan e-4ORCE, лесна конструкција и батерија со цврста состојба. Hyper Force е последниот во низата концепти кои Nissan ги откриваше во изминатите недели и очигледно е „јаготката на шлагот“.

Според јапонскиот производител, овој концепт има за цел да ги привлече ентузијастите за трки и гејмерите. Иако Nissan не дава многу длабоки детали или спецификации за Hyper Force, беше мошне јасен и прецизен за неколку клучни точки. Концептот има корист од „оптималниот баланс на тежината“ и лесната конструкција од карбон, вклучувајќи тркала од карбонски влакна. GT-R има и два режими, GT за Grand Touring и R за трки.

Претседателот и извршен директор на Nissan, Макото Учида, вели дека „сите пет концептни автомобили што се прикажани се симболи на иднината и го отелотворуваат нашиот основачки дух „да се осмелиме да го правиме она што другите не го прават“. Ги унапредивме нашите ЕВ иновации, надминувајќи ја мобилноста за да создадеме поодржлив свет. Електричните возила ја симболизираат нашата иднина за создавање почист, побезбеден и поинклузивен свет за секого без компромиси со страстите и соништата. Преку моќта на иновациите, Nissan создава иднина во која секој може да ужива во возбудата на мобилноста“.

Nissan Hyper Force Concept

Hyper Force, исто така, добива неколку супер-футуристички карактеристики кои го издвојуваат од остатокот од рендерските концепти. Тоа вклучува активен аеро во форма на канард, предна усна, заден спојлер и отвори на калниците. Nissan може да се пофали дури и со „ново развиен плазма активирач“ кој го потиснува одвојувањето на воздухот за да го минимизира подигнувањето на внатрешните тркала во свиоците.

Nissan Hyper Force Concept

Гејмерски ентериер

Кабината во целост го следи ексцентричниот изглед на екстериерот. Адаптивниот инфозабавен дисплеј е развиен е во партнерство со развивачот на играта Gran Turismo, Polyphony Digital. Во режимот R, Hyper Force ја осветлува кабината со црвено амбиентално светло, а панелите на контролната табла се протегаат кон возачот за да обезбедат витални податоци за трката.

Во режимот GT, многу од тие панели бледнеат во заднина, кабината станува сина, а сетот екрани стануваат многу поедноставни. Возачот сè уште добива целосен пристап до контролите за климатизација, аудио, суспензијата и дотерувањата на стабилизаторот.

Nissan Hyper Force Concept

Кога автомобилот е паркиран, возачите можат да користат специјална кацига за да се натпреваруваат во виртуелни тркачки искуства додека го користат вистинскиот волан и педали. Сепак, тоа не е единствената гејмификација во Hyper Force. Nissan комбинира визири и проширена реалност во автомобилот за да проектира дигитални прикази на патеките за возачите да се обидат да бидат во чекор или да ги победат на патеката.

Иако Nissan не кажа конкретно околу тоа дека ова ќе биде идниот дизајнерски јазик на следната генерација на GT-R, компанијата призна дека дизајнот оддава „почит на автомобилите на Nissan со високи перформанси“. Што значи сето тоа и како истото ќе се рефлектира во продукциска верзија, ќе мораме да почекаме за да дознаеме.

Поврзани вести

Back to top button