fbpx

Кина го презема приматот од Јапонија како водечки извозник на автомобили

Кина е блиску до надминување на Јапонија за продажба на автомобили надвор од нејзините граници, благодарение на големата продажба во Русија и Мексико

Јапонија со децении доминира на пазарот за извоз на автомобили, а Германија и Јужна Кореја исто така извезуваат огромен број автомобили за пазари надвор од нивните граници. Но, сега Кина е на пат да ги надмине сите три држави и да стане најголемиот извозник на планетата.

Претходно оваа година кинескиот го надмина јапонскиот извоз во првиот квартал од 2023 година, а сега се чини дека Кина успеа да ја прошири таа супериорност во текот на целата 2023 година. Кинеската асоцијација на производители на автомобили (CAAM) вели дека земјата успеала да извезе 4,41 милиони возила помеѓу јануари и ноември, што претставува зголемување од 58 отсто во однос на истиот период во 2022 година, објави Nikkei Asia. За сепоредба, 3,99 милиони единици беа произведени од Јапонија во првите 11 месеци од 2023 година (зголемување од 15 проценти).

Иако Кина сè уште не направила сериозен пробив во САД и е се уште во раните фази на заземање на поголем дел од колачот за продажба на автомобили во Европа, таа веќе има сериозен удел во Мексико и во Русија, а пристапот до тие пазари ѝ помогна на државата да ги зголеми своите извозни бројки.

Русија и Мексико се клучот

Nikkei пишува дека Кина извезла неверојатни 730.000 возила во Русија во периодот од јануари до октомври, што е седумкратно зголемување во однос на бројот во 2022 година. И иако бројката во Мексико не е толку импресивна со 330.000 единици, извозот таму се зголеми за 71 отсто. Сепак, кинеските производители на автомобили немаат намера да престанат да извезуваат во Мексико. Неколкумина се обидуваат да постават производствени бази таму за кои некои индустриски експерти мислат дека ќе бидат искористени за да им помогнат на кинеските брендови да пристапат до САД без да плаќаат строги увозни давачки.

Сепак, не целиот извоз на автомобили од Кина е со кинески бренд. Додека BYD е главната сила во автомобилскиот извоз на земјата, Tesla, Volvo, BMW и Buick сите произведуваат автомобили во Кина кои се продаваат на друго место.

Поврзани вести

Back to top button