Abarth 595 Competizione во салонот на Fiat

Специјално издание на Abarth 595 Competizione пристигна во продажниот салон на Fiat во Скопје

Abarth ја освежи поставата на 595 за 2021 година, а малиот хот хеч е достапен во четири варијанти и тоа базичниот 595 модел, Turismo, Competizione и Essesse. Токму Abarth 595 Competizione сега е изложен во салонот на Fiat во Скопје и пристигнува со спектакуларна двобојна комбинација со Hyper Green Nero зелената боја.

Abarth Competizione

Моделот се напојува со 1,4-литарски турбо бензинец кој испорачува 180 КС, а конкретниот примерок кој успеавме да го забележиме во продажниот салон со себе носи и Performance Nero пакет кој нуди 17-инчни мат црни тркала од лесна легура, Sabelt GT спортски седишта и блокирачки диференцијал со ограничено пролизгување.

Малиот, но моќен агрегат кој се наоѓа кај Abarth 595 Competizione е опремен со Garett GT1445 турбо, Koni FSD амортизери и Brembo сопирачки, а моќноста се испраќа до тркалата преку петстепен мануелен менувач, но Fiat нуди и роботизиран секвенцијален менувач како опција. Competizione верзијата е исклучително моќна, а од нула до „стотка“ стигнува за 6,7 секунди, додека максималната брзина е 225 километри на час.

Внатрешноста се одликува со стандардниот 7-инчен Uconnect инфозабавен систем, како и препознатливиот дигитален инструмент кластер кој добива специјална Abarth графика, а неизбежно е да се забележат и деловите кои се обложени во Алкантара.

Цената на Abarth 595 во Македонија варираат од 20.890 до 32.500 евра. Цената на конкретниот модел кој имавме можност да го забележиме изнесува 29.500 евра. За повеќе информации посетете го новиот официјален сајт на Abarth во Македонија или продажниот салон на Fiat во Скопје.

 

Поврзани вести

Back to top button