fbpx

Дизел автомобилите со рекордно ниска побарувачка во Европа

Според последните податоци од ACEA, има пад на побарувачката за нови дизел автомобили на главните 15 пазари

Пазарната партиципација е намалена до ниво од 46,3% за првата половина на оваа година. Во однос на 50,2% на крајот на првото полугодие од 2016. Падот во реализирани примероци е на ниво од 152.300 автомобили. Од ACEA потврдија дека намалувањето на побарувачката на дизел автомобили е за сметка на зголемувањето на интересот за бензинските (+328.615 единици). За прв пат од 2009 година, реализацијата на бензински автомобили е над онаа на дизелските, на основните 15 европски пазари.
ACEA
Минатогодишниот пазарен удел на бензинците за првото полугодие бил 45,8%. На крајот на првата половина од оваа година овој процент изнесува 48,5% од вкупниот пазар. Во првата половина на годината, на основните 15 европски пазари, беа купени вкупно 392.954 нови автомобили на алтернативен погон (+103.215), а 95.442 (+25.787 во однос на лани) од нив биле електрични. Значително зголемување беше забележано и кај побарувачката за хибридни автомобили. Од 73.044 за минатата година, на вкупно 198.579 единици за оваа.

ACEA
ACEA

Поврзани вести

Back to top button