fbpx

Стоп и за бензинците во Париз до 2030 година!

Властите во Париз планираат да забранат сообраќање на сите автомобили со мотори со внатрешно согорување до 2030 година.

Властите во Париз планираат да забранат сообраќање на сите автомобили со мотори со внатрешно согорување до 2030 година.

Париз

-Тоа е наша долгорочна политика, целта на оваа стратегија е намалувањето на стакленичките гасови. Транспортот е еден од главните производители на вакви гасови. Затоа планираме крај на користењето на возила со мотори со внатрешно согорување до 2030 година. – објасни Кристоф Најдовски, задолжен за транспортната политика во кабинетот на градоначалникот на Париз, Ан Идалго.

Ова е следниот чекор во плановите на Париз за подобрување на условите на градот. Париз е домаќин на Летната Олимпијада во 2024 година, а целта е дотогаш да бидат забранети дизел автомобили во градот. Сега, доаѓа предлог и забрана за бензинските автомобили, што ја обележува сериозната политика на градоначалникот околу загадувањето. Секако, ова е стимулација за идните купувачи на возила, кои сакаат да се сообраќаат низ француската метропола да се ориентираат на електрични, или хибридни изведби, кои би требало да ги ма се повеќе и повеќе.

Поврзани вести

Back to top button