fbpx

Alfa Romeo со тизер видео најави изненадување за Саемот во Женева

Италијанскиот бренд Alfa Romeo потврди дека подготвува „значителен кам-бек“ за Саемот на автомобили во Женева кој ќе стартува следната недела

Од компанијата објавија тизер видео на социјалните мрежи со кое најавуваат и напоменуваат дека се подготвени за „значителен кам-бек“ за настанот кој ќе се одржи во Женева, кој за новинарите стартува на 3 март. И додека краткото видео не содржи било какви детали, освен звук од работење на моторот, многумина веруваат дека Alfa Romeo е подготвена да врати некое од своите големи имиња во игра.

Претходно се појавија шпекулации дека Alfa Romeo би можел да лансира перформансен модел на Giulia кој ќе го добие GTA суфиксот од Gran Turismo Alleggerita, во ист стил како Alfa Romeo 156 GTA од пред две децении. Тоа не е се, викендов на социјалните мрежи се појави интересна шпиунска фотка на која се забележува камуфлирана Giulia на непозната локација. Не е исклучено да станува збор за обичен прототип за „фејслифтираната“ Giulia за 2020, кој се уште имаше камуфлажа за време на фазата на тестирање, но ќе биде интересно доколку не станува збор за тоа, туку нешто сосема друго.

Giulietta е се уште тука, иако од претходно се појавија информации дека деновите на овој модел се избројани и дека производството на ова возило ќе згасне во текот на пролетта. Освен во случај Alfa Romeo да планира да ја „испрати“ Giulietta со нова „жешка“ верзија позиционирана над Veloce, шансите се дека „значителниот кам-бек“ кој се најавува во видеото е да е поврзан со Giulia или Stelvio. Според логиката, најразумно би било да се појави нов модел со високи перформанси со GTA суфиксот.

Сепак, Alfa Romeo ги демантираше гласините за Giulia GTA верзија, но и тие шпекулации се однесуваа на автомобил кој би требало да дебитира во јуни, а не во март во Женева, така што од италијанската компанија дефинитивно успеаја да ги збунат сите љубители на овој бренд.

https://www.facebook.com/Alfa.Romeo.cars/videos/222483218788182/

Поврзани вести

Back to top button