СПОРТ

Довициозо триумфираше во Британија и повторно води во шампионатот

Андреа Довициозо е новиот лидер во шампионатот. Топ пилотот на Ducati Team триумфираше на патеката Silverstone и стана првиот пилот со четири победи во оваа сезона

Андреа Довициозо е новиот лидер во шампионатот. Топ пилотот на Ducati Team триумфираше на патеката Silverstone и стана првиот пилот со четири победи во оваа сезона. Освен тоа, за него ова е втора последователна победа откако победи во Австрија.

Во послединот круг Маверик Винњлес успеа да го претекне клубскиот колега Валентино Роси и да финишира втор. Во исто време светскиот шампион Марк Маркез падна и не продолжи поради големите оштетувања на моторот. Маркес беше на првата позиција, но со исклучителен старт девет кратниот светски шампион Роси помина напред и поведе. Зад „докторот“ Меркес беше лидер на воз од петмина пилоти – Кал Кручлоу (LCR Honda), Винњлес, Хорхе Лоренцо со Ducati и клубскиот колега Довициозо. Четврти заврши Кал Кручлоу кој ги израдува своите фанови, Лоренцо стана петти на 3,5 секунди од клубскиот колега, потоа се наредија Јохан Зарко, Дани Педроса, Скот Рединг, Алекс Ринс, а со Арлваро Баутиста се заокружи превате десетка.

Со оваа трка се заврши дванаестата трка на календарот во MotoGP. За две недели следи трката во Сан Марино, а на истата Марк Маркез ќе се обиде да ја стигне разликата од 9 поени.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker