Дали ќе купите стан од Aston Martin?
Aston Martin и градежната компанија G & C Business Developments ќе изградат станбен комплекс во Мајами, проект за Британците
![Aston Martin Residences](https://avtoplus.mk/wp-content/uploads/2017/10/Aston-Martin-Building-Small-Bay-780x405.jpg)
Изградбата треба да биде завршена во 2021 година и ова ќе биде првиот Aston Martin проект во недвижности и внатрешен дизајн. Комплексот ќе го носи името Aston Martin Residences и на него ќе работи главниот дизајнер на брендот, Марек Рајхман, кој ќе развива нови и различни стилови на ентериерот на индивидуалните станови, а акцентот ќе биде на одделни елементи од автомобилскиот свет – како карбонски носачи, рачки на прозорците…
Комплексот ќе располага со 391 апартман, вклучувајќи пет есклузивни на горниот кат и мезонет, каде секој од нив ќе има приватен базен. Меѓу катови 52 и 55 ќе има забавна зона, каде што ќе се сместени модерен фитнес, сала за бокс, виртуелен голф, уметничка галерија и две кина.
Сето ова доаѓа на достојни цени на Aston Martin – најевтините станови ќе чинат 600.000 долари, а најскапите – 50 милиони.