fbpx

Дури 20 нови електрични модели од Audi за 7 години

Audi планира да лансира 20 електрични модели во следните 7 години

По ова германскиот бренд ќе се обиде да достигне 800.000 продажби на годишно ниво на електрични и plug-in-хибриди. Ова се темелите на преработената стратегија за развој на брендот – Audi.Vorsprung.2025. Новата гама на електрични автомобили, исто така, ја вклучува и SUV изведбата – e-tron, која ќе биде прв електомобил на пазарот. Потоа ќе дојде купето e-tron Sportback Crossover, а во 2020 година ќе се појави и supercar e-tron GT, кој ќе се развива заедно со Audi Sport.

Компанијата обезбеди 40 милијарди евра инвестиции за електрифицирање на гамата на модели, како и за развој на автономни системи за мобилност и нови дигитални технологии.

Според оваа стратегија, во 2021 година треба да го дебитира и првиот автономен модел, кој ќе биде изграден врз концептот Aicon. Неговите прототипови прво ќе бидат тестирани во рамките на посебните патеки на компанијата, а потоа и во секојдневен сообраќај. Во исто време, Audi и Porsche работат на создавање на заеднички модели од средна и висока класа, како и супер-кул луксузно остварување.

Audi

Поврзани вести

Back to top button