Audi ги претстави перформансните e-Tron S и e-Tron Sportback

Германски Audi ги објави првите фотографии од e-Tron S и e-Tron S Sportback, заедно со комплетните детали за перформансните електрични возила

Базирани на регуларните модели, Audi e-Tron со S ознака и e-Tron Sportback се водат како првите автомобили со широка потрошувачка кои ќе користат три електромотори. Два мотори се поставени на задната осовина, додека еден, очекувано, е поставен напред. Токму третиот електромотор се крие зад ознаката S.

Оваа поставка сега резултира со 503 КС, а во однос на стандардниот Audi e-Tron значително е зголемена и вредноста на вртежниот момент кој сега изнесува 972 Nm. Овие бројки се доволни за возилата да го достигнат спринтот од нула до „стотка“ за 4,5 секунди, а максималната брзина е 209 километри на час.

Трите електромотори се напојуваат со високо волтаична батерија, која има капацитет од 95 kWh, од кои 91 процент, односно 86 kWh се искористливи. Ова обезбедува возачка автономија од 359 километри во e-Tron S, односно 363 километри кај e-Tron S Sportback, според прелиминарните податоци базирани на WLTP тестирачкиот циклус.

За сопирањето на најмоќниот електричен SUV на Audi, чија маса со дополнителниот електромотор очекувано е поголема од стандардниот e-Tron, се грижат дискови со поголем пречник, а e-Tron S стандардно е поставен на 21-инчни тркала зад кои се крие адаптивниот воздушен систем на потпирање оптимизиран за поголема моќност и поголема маса.

Двата автомобили добија голем број унапредувања

Audi e-Tron S и e-Tron S Sportback во себе имаат интелигентна возачка контрола „која ја подигнува безбедноста при управувањето и агилноста на ново ниво“, велат од Audi. Со цел да се подобри ефикасноста, при возење во нормален режим функционираат единствено задните електромотори. Предниот електромотор се вклучува кога возачот бара поголеми перформанси. Секој од задните електромотори го испраќа својот вртежен момент директно на своето тркало преку single-speed трансмисија, што значи дека нема потреба за механички диференцијал.

Останатите промени во однос на регуларниот e-Tron SUV вклучува и 50 милиметри поширока шасија поради пошироките лакови кај тркалата, поагресивни браници со сребрени детали, уникатна предна решетка со S ознака, масивен заден дифузер, како и опционални Digital Matrix LED светла.

Ентериерот е во темен финиш и содржи спортски седишта со Nappa кожа на кои е испишано S логото, декоративните елементи се избрусен алуминиум или карбон, а тука е и амбиенталното осветлување. Дигиталниот MMI контролен систем на допир со два големи екрани исто така се наоѓа во кабината, како и MMI навигацискиот систем и инфозабавниот систем, Audi виртуелниот кокпит, опционалниот head-up екран и многу друго.

Audi e-Tron S

Audi e-Tron S до првите купувачи се очекува да пристигне до крајот на летото, а основната цена за незначително поскапата верзија Sportback во Германија изнесува 96.050 евра.

Поврзани вести

Back to top button