fbpx

Audi не се откажува од идејата за ново купе со две врати

Кога во 2014 година Audi го покажа неверојатниот концепт Prologue, сите мислеа дека Германците се подготвуваат за ново луксузно возило со две врати

Но, потоа сепак се покажа дека немаат намера да пуштат сериска верзија на студијата, но сега како повторно да се подгреаја желбите?!

Лично шефот на одделот за дизајн на брендот од Инголштад, Марк Лихте, потврди за Autocar дека е голем обожавател на купе со две врати и би сакал да види слично и од Audi, кое ќе нуди директен одговор на новиот BMW 8. Сепак, надежите за големо луксузен купе од Германците не се особено големи, бидејќи Лихте не гледа бизнис можност за таков автомобил. Пазарот за такви едиции е премногу мал.

Дури и ако добие зелено светло, проектот, кој ќе се базира на А8, нема да го види светот пред крајот на деценијата. Причината за ова е што Audi е ангажиран во многу поважни финансиски модели новиот А6, претстојните Q8, A1 и Q3.

купе со две врати

Поврзани вести

Back to top button