Audi од 2026 нема да нуди нови конвенционални возила

Германскиот производител Audi сериозно вложува во својата електрична иднина, а од друга крои планови за своите модели со внатрешен мотор на согорување

Audi во изминатите неколку месеци претстави цел асортиман на нови електрични автомобили, вклучително и модели како e-Tron GT, Q4 e-Tron и Q4 Sportback e-Tron, a според најновите планови, ова ќе биде колосекот по кој германскиот производител ќе продолжи и во иднина, односно целосно ќе се посвети на електричната мобилност.

Како што пренесува германскиот весник Sueddeutsche Zeitung, цитирајќи ги зборовите на извршниот директор на Audi Маркус Дуесман, компанијата ќе престане да претставува нови возила со бензински и дизел мотори во 2026 година.

Моделите со мотори на внатрешно согорување ќе останат и по овој датум, веројатно во постоечките модели, но со текот на времето ќе бидат исфрлени од поставата. Не постои конкретен датум за такво нешто, но според објавата на германскиот медиум, „неколку години по 2026 година Audi ќе има само електрични автомобили во понудата“.

Фазата на елиминирање на конвенционалните мотори наводно ќе се поклопи со елиминацијата на хибридните погони, а за таа цел Reuters пренесува дека „повеќе нема да има ниту хибридни модели од 2026 година“.

Сето ова засега останува непотврдено, но голем број производители се пренасочуваат од plug-in хибридните модели и целосно се фокусираат на електричните возила. Сепак, некои компании остануваат посветени на plug-in хибридите бидејќи ги гледаат како „мост кон иднината“ и веруваат дека купувачите се уште не се целосно подготвени да се насочат кон целосно електричната иднина.

Поврзани вести

Back to top button