BMW X3 M Competition против Audi RS4 Avant во драг трка

Германските гиганти повторно излегуваат на мегдан на патеката, а сега BMW X3 M Competition всушност се осмелува да го предизвика RS4 Avant

Современите SUV перформанси го отежнуваат животот на некои спортски автомобили и тоа не е никкава новост. BMW X3 M Competition е познато дека има S58 шестцилиндричен мотор со два турбополначи кој произведува 510 КС и 600 Nm максимален вртежен момент. Тој е најмоќниот шестцилиндарец кој BMW го има направено во сериско производство. BMW X3 M Competition доаѓа со 8-степен автоматски менувач и xDrive погон на сите тркала. Оваа ѕверка на BMW од нула до „стотка“ стигнува за 3,3 секунди.

На спротивната страна пристигнува Avant RS4 B9 со 2,9-литарски V6 BiTurbo кој има 450 КС и 600 Nm максимален вртежен момент, а силата врз трката ја пренесува со помош на осумстепен автоматски менувач. На сето ова треба да се додаде и Quattro системот за погон на сите четири тркала и се доаѓа до резултат од 4,0 секунди потребно време за да се стигне од 0 до 100 километри на час.

Но, како сето ова изгледа во реалноста, можете да погледнете во видеото кое е во прилог.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close