fbpx

Новиот Audi RS7 Sportback – хибрид?!

Тест прототип на новата генерација на Audi RS7 Sportback беше забележан на патиштата во Германија

Официјалната премиера на ѕверката ќе се одржи кон крајот на 2018 година, соопштува Auto Week.

Иако на фотографиите се гледа прототип врз постоечката генерација веќе е јасно какви промени ќе добие машината. Таа ќе се разликува од вообичаениот модел по агресивната аеродинамика со проширени калници, големи тркала, поефикасни механизми за сопирање, индивидуализирана суспензија и спортски издувен систем. Audi RS7 Sportback се очекува да биде достапен во две верзии. Првиот ќе добие модернизиран 4,0-литарски V8 двитател со две турбини, кој ќе развива околу 650 КС. Вториот ќе биде хибридна енергетска единица чија моќност може да надмине дури 700 КС.

SportbackДосега, Audi не ги потврди овие карактеристики. Познато е само дека новата генерација на стандардниот S7 Sportback ќе биде прикажана во почетокот на 2018 година, најверојатно на автосалонот во Женева, во март. Верзијата RS Sportback ќе излезе околу 6 месеци подоцна.

Поврзани вести

Back to top button