fbpx

Аутомакедонија, нов увозник и дилер на SSANG YONG за Македонија

Во пријатна атмосфера, генералниот директор на Аутомакедонија, м-р Зоран Дочински и претседателот на корпорацијата Ратола, овластен дистрибутер на Корејската марка SSANGYONG за нашата земја, г-дин Васил Баров потпишаа договор за соработка и партнерство

Со потпишување на договорот со Ратола, Аутомакедонија АД Скопје, официјално стана увозник, дилер и овластен сервисер за возилата од програмата на SSANGYONG за нашата земја. Првите возила се веќе порачани и на пат кон Скопје.
Салонот на SSANGYONG ќе биде лоциран во продажно сервисниот комплекс на Аутомакедонија во населбата Кисела Вода во Скопје, во кој ќе биде сместен и овластениот сервисен центар. Подготовките на инфраструктурата, опременоста и кадарот се во тек. Официјалните активности се очекува да стартуваат во месец Декември 2019 година.


„Договорот за соработка со Ратола, го потпишавме со огромно задоволство. Силно сме уверени дека возилата на Корејскиот производител на возила, специјализиран во сферата на SUV моделите, ќе биде одлично надополнување на понудата на Аутомакедонија. Ќе работиме силно на промоцијата на брендот и неговите вредности на пазарот и ќе дадеме се од себе, да ја освоиме довербата на нашите постоечки и нови клиенти со квалитет и врвна услуга. Веќе сме во преговори со домашните финансиски институции, возилата на SSANGYONG да влезат на пазарот и со одлични пакети за финансирање кои ќе им помогнат на нашите граѓани полесно и поедноставно да го направат својот вистински избор. Со нетрпение го очекуваме пристигнувањето на првите возила и официјалниот старт на активностите на пазарот“ – изјави г-динот Дочински.

 

Поврзани вести

Back to top button