Автомобилите на Tesla наскоро ќе комуницираат со пешаците

Првиот човек на Tesla, Елон Маск, планира да го шокира светот со автомобили кои ќе можат да комуницираат

Сопствениците на Tesla возилата наскоро можеби повеќе нема да мораат да ги отвораат своите прозорци за да комуницираат со пешаците, со оглед на тоа дека овие автомобили наскоро би можеле да „проговорат“ преку надворешни звучници.

Оваа вест до јавноста ја пренесе Елон Маск, но не понуди детали за тоа како новата опција ќе функционира. Се претпоставува дека „моќта на говорот“ нема да дојде до постарите модели на Tesla, а се истакнува дека станува збор за корисна можност која би требало да ја подобри безбедноста на пешаците. За да не дојде до забуна, овие автомобили нема да можат да водат разговор со вас, туку таа способност за говорење ќе ја користат со цел да комуницираат со пешаците.

Model 3 во моментов има аудио спикер под предниот дел од браникот кој создава бучава која се слуша кога автомобилот се движи бавно нанапред или наназад.

Елон Маск преку својот Твитер профил порача дека ќе го шокира светот, па доколку автомобилот започне да се движи полека постои можност да се слушне како говори, додека гласот нема да се слуша доколку автомобилот се движи побрзо.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close