Baojun E300 и E300 Plus – електромобилност за помалку од 10.000 долари

Кинески Baojun ги лансираше своите E300 и E300 Plus мини електрични автомобили за кинескиот пазар, кои претставуваат одлично решение за под 10.000 долари

Baojun E300 и E300 Plus се напојуваат со 31,9 kWh батерија која испорачува прилично великодушен опсег на движење за така мал автомобил. Имено, автономијата на возење со едно полнење изнесува 305 километри според NEDC тест циклусот. При користење на брз полнач, батеријата може да се наполни до 80 проценти за еден час. За целосно полнење на 220-волтен приклучок, сепак, потребни се 15 часа.

Батеријата го напојува електричниот мотор кој е поставен на задната страна и ги придвижува задните тркала. Електричниот мотор испорачува 53 КС и 150 Nm вртежен момент. Ова е доволно за максимална брзина од 100 километри на час. Разликата помеѓу E300 и E300 Plus очигледно е во големината и капацитетот на патници.

E300 има должина од 2.625 милиметри, ширина од 1.647 и висина од 1.588 милиметри, додека меѓуосовинското растојание изнесува 1.750 милиметри. Како резултат на ова, во автомобилот може да собере двајца или тројца патници. Од друга страна, Baojun E300 Plus има меѓуосовинско растојание од 2.020 милиметри, должина од 2.894 и нешто поголема ширина и висина од 1.655 и 1.595 милиметри. Благодарение на зголемените димензии, во E300 Plus се поставени четири седишта.

Природно, со ваквите мали автомобили, купувачите може да имаат сомнежи околу квалитетот и безбедноста. Baojun уверува дека E300 и E300 Plus содржат McPherson независен систем на потпирање напред, како и независно двојно попречно потпирање позади. Кога станува збор за безбедноста, двата мини електрични автомобили се направени од 80 проценти челик со високо ниво на издржливост. Батеријата е „спакувана во супер-силен челик и е опремена со активен систем на исклучување во случај на судир“. Стандардните безбедносни карактеристики вклучуваат електронска контрола за стабилност (ESC), ABS со EBS, HBA и две воздушни перничиња напред.

Baojun E300

За базичната цена, купувачите исто така добиваат алуминиумски тркала, мултифункционален управувач, дигитален инструмент панел и подесувачки седишта. Меѓу достапните опции се нуди и интелигентниот систем за конективност на Baojun овозможен од Huawei и содржи систем за гласовна интеракција со вештачка интелигениција, реална навигација, WeChat функција со гласовна контрола и мобилна апликација.

Цената за Baojun E300 изнесува 9.170 долари, односно 9.880 за Baojun E300 Plus.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close