fbpx

Bentley со првиот EV до 2025 година

Како стар луксузен бренд, Bentley првите чекори кон електрификацијата ќе ги направи со Bentayga plug-in хибрид

Електричниот кросовер на британскиот луксузен производител, според неодамнешни извештаи се очекува да пристигне во САД кон крајот на оваа година, со што ќе ја започне електрификациската ера на брендот. Хибридниот Bentayga се очекува да биде опремен со 3,0 литарскиот V6 турбо мотор во комбинација со електричен мотор и батериски пакет. Компанијата потврди дека моделот може да се полни за само 2,5 часа и да помине повеќе од 50 километри само на електрична енергија.

Членот на одборот на Bentley за продажба и маркетинг, Крис Крафт изјави дека компанијата ќе лансира хибридни верзии на сите свои модели до 2023 година. Тој исто така потврди дека првото електрично возило на брендот ќе биде претставено до 2025 година.

Bentley

Малку е познато за претстојните електрични возила, но Крафт рече дека електричните возила се голем дел од иднината на Bentley. Додека продажбата на електричните возила претставува само мал дел од целокупниот автомобилски пазар, нивната популарност значително се големува, пи што Крафт забележа дека над 30 проценти од луксузните клиенти се заинтересирани за електрични автомобили.

Во едно од интервјуата, Крафт откри електрични возила добро се вклопуваат во Bentley, бидејќи електричните мотори даваат моментален вртежен момент кој е белег на брендот. Електрични возила се исто така тивки и тоа е уште еден аспект кој е тесно поврзан со ултра-луксузни брендови како Bentley и Rolls-Royce.

Поврзани вести

Back to top button