fbpx

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Регулаторната комисија за енергетика ги одреди цените за бензините и дизелот кои стапуваат на сила од ноќеска на полноќ

Согласно својата методологија за утврдување на цените на горивата, Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,28 проценти во однос на одлуката донесена минатата недела. Сепак, во реалноста тоа е нешто поинаку, бидејќи бензините ќе поевтинат, додека дизелот ќе поскапи

Имено, малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-98 и Еуросупер БС-95 ќе се намалат за 1,50 денари, додека малопродажната цена на Еуродизел се зголемува за половина денар во однос на претходно.

Тоа значи дека од ноќеска на полноќ еден литар Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 75 денари, Еуросупер БС-98 ќе се точи за 77 денари, а Еуродизел ќе се продава по цена од 68 денари по литар гориво.

Од Регулаторна истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување кај бензинот за нешто повеќе од 4 проценти, додека кај дизелот зголемувањето изнесува 0,276 проценти.

Поврзани вести

Back to top button