Бензините поскапуваат, цената на дизелот останува иста

Регулаторната комисија за енергетика ја донесе својата најнова одлука за малопродажните цени на бензините и дизелот во нашата земја

Во согласност со својата методологија за утврдување на цените, Регулаторната комисија ја донесе најновата одлука за цените на горивата на нашиот пазар, а според истата, бензините поскапуваат, додека малопродажната цена на дизелот останува непроменета. Тоа доведува до просечно зголемување за 0,84 проценти во однос на минатата недела.

Според одлуката, од вечерва на полноќ кога ќе стапи на сила новата одлука за цената, бензините Еуросупер БС-98 и Еуросупер БС-95 ќе поскапат за еден денар.

Ова значи дека во следните седум дена Еуросупер БС-95 ќе се точи по цена од 73 денари по литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 75 денари по литар гориво, додека пак Еуродизелот останува на 63,50 денари.

Од РКЕ истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 4,142 проценти, а кај дизелот за 0,066 проценти.

Поврзани вести

Back to top button