fbpx

Бензините поскапуваат, дизелот останува ист

Регулаторната комисија за енергетика со својата најнова одлука ја одреди малопродажната цена на бензините и дизелот во нашата земја

Откако минатата недела нафтените деривати останаа со непроменета цена, Регулаторната комисија за енергетика, во согласност со нивната методологија за пресметување на цените, одлучија да ги корегираат цените, односно да ги поскапат бензините, додека дизелот останува со иста цена како и претходно.

Според РКЕ, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 0,52 проценти. Тоа значи дека бензините поскапуваат за половина денар, додека дизелот останува со непроменета цена. Во согласност со тоа, Еуросупер БС-95 ќе се продава за цена од 60 денари по литар, додека Еуросупер БС-98 се продава за 62 денари по литар гориво. Согласно претходно утврдената цена, Еуродизел ќе се продава по цена од 52 денари по литар наточено гориво.

Од РКЕ својата најнова одлука ја правдаат со фактот дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на бензинот на светскиот пазар бележат зголемување за 2,533%, додека кај дизелот има намалување за 1,317%. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,558%.

Поврзани вести

Back to top button