Бензинот повторно поевтинува, дизелот ќе поскапи

Продолжува падот на цената на горивата, но овојпат тоа се однесува само на бензинот, додека пак дизелот ќе забележи благ раст на цената

Регулаторната комисија за енергетика прави нови промени на цените на горивата во нашата држава. Од ноќеска на полноќ стартуваат новите цени. Според методологијата на пресметката на цените, РКЕ одлучи бензинот Еуросупер БС-95 да се намали за 1,00 денар, додека Еуросупер БС-98 се намалува за 1,50 денари. Од друга страна, цената на Еуродизел се зголемува за 0,50 денари по литар гориво.

Според тоа, Еуросупер БС-95 од 31.03.2020 година ќе чини 48,50 денари по литар, бензинот Еуросупер БС-98 ќе се продава по 50,50 денари по литар, додека пак Еуродизел ќе чини 46,00 денари за литар гориво.

Новите цени стапуваат на сила на полноќ.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close