Бил Гејтс си купи Porsche Taycan, Елон Маск му се налути

Бил Гејтс неодамна го купи својот прв електричен автомобил и откри дека ужива во возењето на својот нов Porsche Taycan, што наиде на разочарување во Tesla

Првиот човек на американскиот производител за електрични автомобили Tesla, Елон Маск, не е воодушевен од одлуката на првиот човек на Microsoft да се одлучи за автомобил кој е голема конкуренција на неговата компанија. Откако Гејтс во интервјуто откри дека си купил електрично Porsche, Елон Маск одговарајќи на прашањето на еден корисник на Twitter кој запраша зошто ко-основачот на Microsoft одлучил да вози Taycan наместо Tesla, преку својот профил напиша дека не е импресиониран и бил разочаран од разговорите кои ги имал со Гејтс.

Инаку, во интервјуто со со Маркес Браунли, Бил Гејтс ги пофали и електричните возила на Tesla.

„Патничките автомобили се всушност еден од најважниот фактор кога станува збор за воведувањето на промените потребни за намалување на штетните гасови и борбата против климатските промени. Кога би морал да именувам една компанија која помогнала во тоа, тогаш тоа со сигурност Tesla“, изјави Гејтс, по што додаде дека ужива во своето ново електрично Porsche Taycan.

Бил Гејтс исто така истакна дека се надева дека разликата во цените меѓу обичниот и електричниот автомобил во следните десет години ќе се намали, па кога тоа ќе се случи, голем број луѓе ќе можат да купуваат електрични возила.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close