fbpx

BMW ги претстави M3 и M4

Легендарните перформансни автомобили на баварскиот гигант BMW, моделите M3 и M4 добиваат нов изглед и најавуваат нов почеток во 2021 година

BMW M3 и M4 се веројатно двата најважни перформансни автомобили во портфолиото на германскиот производител. Но, најновата верзија добива еден поинаков храбар пристап за 2021 година и во дизајнот и во механиката. Секако, највпечатлив дел за новите M3 и M4 е предната решетка, но зад истата се крие нов битурбо шестцилиндричен мотор кој испорачува 480 или 510 КС и овозможува спринт до „стотка“ за четири секунди. Во комбинација со унапредениот кабински дизајн кој е комплетиран со нови спортски седишта, како и голем број нови технологии, новите BMW M3 и M4 сигурно ветуваат многу.

Кога станува збор за екстериерот, покрај големата решетка, која дефинитивно е назнака за храбриот дизајн, тука се и агресивните full-LED предни светла, со BMW Laserlight достапно како опција, и голем отвор за воздух во браникот кој е широк речиси колку целиот преден дел.

Поголеми димензии

И M3 и M4 пристигнуваат како стандард со карбонски покрив, М странични прагови и преден сплитер, 18-инчни тркала напред и 19-инчни позади. Во Competition варијантата купувачите добиваат 19-инчни тркала напред и 20-инчни тркала назад. Исто така, достапен е M Carbon пакет на двата модели, кој додава неколку детали на надворешноста, како и Shadowline опција која ги затемнува надворешните ретровизори, задниот спојлер и издувните цевки.

Кога станува збор за големината, новите M3 и М4 се поголеми од своите претходници и имаат идентичнo меѓуосовинско растојание од 2.857 милиметри. М3 е 4.800 милиметри долг и 1.900 милиметри широк со тежина од 1.705 килограми, додека М4 е долг 4.790 милиметри, широк 1.880 милиметри и тежи 1.700 килограми. Двата автомобили имаат идеална дистрибуција на масата од 50:50.

BMW M3 и M4

Како што веќе споменавме, новите М3 и М4 го користат истиот битурбо 3,0-литарски шестцилиндричен мотор. Зависно од опременоста, моторот испорачува 480 КС, кај стандардните М модели, што е доволно за 0-100 км/ч да се достигне за 4,1 секунда. Помоќната Competition варијанта добива 510 КС и 650 Nm максимален вртежен момент и до „стотка“ стигнува за помалку од четири секунди. Двете верзии имаат електронски ограничена максимална брзина од 250, односно 290 километри на час со опционалниот M Driver пакет.

xDrive пристигнува нешто подоцна

И М3 и М4 доаѓаат стандардно со шестстепен мануелен менувач, додека Competition нуди исклучиво осумстепен автоматски менувач со кој моќноста се испраќа исклучиво на задните тркала, a од 2021 ќе биде достапна и xDrive опцијата за погон на сите четири тркала. Системот е сличен како кај M5, со активем M диференцијал на задната осовина и можност да се избере меѓу 4WD и 4WD Sport режими, со тоа што последната опција испраќа поголема моќност на задниот дел.

Треба да се напомене дека на централната конзола, веднаш до iDrive контролерот се наоѓа ново M-Mode копче. За разлика од традиционалните тактилни копчиња за возачки режими, овa M-Mode копче овозможува достапност до конкретни поставки на екранот каде што се подесуваат моторот, системот на потпирање и управувањето. Интересно, издувниот систем добива специјален M Sound копче кое го подобрува звукот.

Голем дел од стандардните BMW Серија 3 и Серија 4 се пренесени во внатрешноста на М3 и М4. Највпечатливо е тоа што двата автомобили ги добиваат истиот 10,3-инчен централен екран на допир и 12,3-инчниот дигиталниот инструмент кластер, со разлика што тука има некои суптилни допири кои укажуваат на спортската природа на автомобилот, како новото црвено stop-start копче на централната конзола, опционалните карбон детали, соодветни M беџови низ кабината и црвени М Mode копчиња на управувачот кој им овозможува на возачите да бираат меѓу Road, Sport и Track режими.

Богат ентериер со нови технологии

Новите спортски седишта исто така ги разликуваат М3 и М4 од Серија 3 и Серија 4. Седиштата со Merino кожа се целосно нови имаат и интегрирани потпирачи за глава и осветлени беџови, како и M перфорација за подобра вентилација. Како опција се нудат и M Carbon седишта, кои се полесни, а имаат и странични поддржувачи обложени во Алкантара.

Дигиталниот инструмент кластер доаѓа со специјална М графика, а исто така и најновиот iDrive 7.0 оперативен систем доаѓа со стандардни карактеристики како навигација, бежична Apple CarPlay и Bluetooth конективност и личен BMW гласовен асистент. Head-up екранот е достапен, но само како опција.

М3 и М4 исто така добиваат и опционален M Drive Professional карактеристики, што му помагаат на возачот да ги анализира возачките линии и времето на тркачките патеки. Во M Drive Professional се наоѓа и M Drift анализаторот, кој го мери траењето на дрифтањето, покриената површина и линијата и аголот. Двата автомобили добиваат стандарден Active Driving Assistant пакет со соодветни безбедносни и системи за асистенција на возачот.

Двата автомобили се очекува да пристигнат во март 2021 година, а цените стартуваат од 95.900 евра, додека верзиите со погон на сите четири тркала се очекуваат да пристигнат идното лето.

Поврзани вести

Back to top button