BMW M одделот со рекордна продажба за изминатата година

Спортскиот M оддел на баварскиот автомобилски гигант не памети вакви резултати кога станува збор за продажбата на годишно ниво во својата историја

BMW M GmbH работната 2019 година ја заврши со нова рекордна продажба. Продадени се 135.829 автомобили на баварскиот спортски оддел. Во споредба со претходната година, бројот на новорегистрирани автомобили на BMW со М ознаката порасна за 32,2 проценти. Со овој резултат подружницата на BMW групата, која има статус на независен производител на автомобили, ја зазема водечката позиција на најуспешна компанија во својата конкуренција. Не само тоа, во финансиската 2019 година дојде до значителен раст на побарувачката за М Sport пакетите и ексклузивната опциона опрема на BMW Individual.

„Многу сме горди на фактот што успеавме да стекнеме пазарно лидерство во сегментот на спортски автомобили. Ова се случува за прв пат по речиси 50 години историја на компанијата“, изјави Маркус Флах, извршниот директор на BMW M GmbH.

„Овој успех е резултат на континуирана стратегија на раст и ја покажува силата на BMW M одделот, автентичниот карактер на нашите производи и уникатното искуство на возење, кое ги инспирира купувачите ориентирани кон перформансите ширум светот“.

Најголемиот пазар за перформансните автомобили од Минхен бил САД. Таму се испорачани 44.442 возила. Второто место го зазеде Германија со 26.110 продадени примероци, додека на третото место е Велика Британија со 17.688 доставени автомобили. Процентуално, M моделите биле најпопуларни во Швајцарија. Таму сочинуваат повеќе од една петтина од вкупниот број продадени BMW автомобили.

BMW M очекува уште подобра година

Минатата година продажбата на M моделите се зголеми благодарение на неколку големи премиери. Германците особено посочуваат на новитетите како грандиозниот BMW M8, но и X моделите кои доживеаја вистинска експанзија, пред се X3 M и X4 M.

Шефот на BMW M одделението верува дека оваа година ќе биде уште подобра. Во текот на 2020 година би требало премиерно да се појават и перформанските SUV модели – X5 M и X6 M. Потоа М портфолиото ќе се збогати и со M8 Gran Coupe, како и M2 CS. Секако, најисчекувана премиера се новите генерации на M3 односно М4.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close