fbpx

BMW најави нов 318i и хибридни модели со d20 ознака

Како и на останатите производители во Европа, така и на баварската компанија и е неопходно просечната флотна емисија да ја спушти на прифатливо ниво

Нови вести пристигнуваат од Баварија. BMW најави неколку електрифицирани погони на почетокот на 2020 година. Како и во случајот со Audi и Mercedes, солуцијата подразбира адаптација на простоечките мотори на систем од 48 V, што практично ги прави благи хибриди. Во основа, секој модел кој го има стандардниот 2,0-литарски дизел, ќе биде опремен со овој систем: 520d/520d xDrive Sedan/Touring, 320d/320d xDrive Sedan/Touring, X3 xDrive 20d и X4 xDrive 20d.

Во теорија, 48-волтниот благ хибриден систем функционира со исклучување на SUS моторот при ниски брзини и мали оптеретувања. При забрзувањето, малиот електромотор додава 11 КС привремена дополнителна сила.

BMW

Во март, BMW исто така ќе воведе нов 120d. Не станува збор за целосно „нов“, но претходно овој мотор од 190 КС и 400 Nm можеше да се добие исклучиво со xDrive погон. Сега силата се пренесува на предните тркала преку 8-степен автоматски менувач. До „стотка“ забрзува за 7,3 секунди, а може да достигне до 231 километар на час. На xDrive верзијата за спринт до 100 километри на час и беа потребни 7 секунди, но со поголема просечна потрошувачка на гориво.

Исто така, новина за оваа година е 318i варијантата за Серија 3 во лимузинска и караванска верзија. Испорачува 156 КС и 250 Nm. Она што за некои можеби е чудно е што BMW се одлучи за 2,0-литарски TwinPower Turbo, иако претходноата Серија 3 и Mercedes-Benz C класа користат многу помали мотори за испорачување на оваа сила. Од нула до „стотка“ забрзува за солидни 8,4 секунди.

Од BMW велат дека почнувајќи од оваа година, Серија 7 и 8 ќе имаат стандардни врати со меко затворање, додека X5, X6 и X7 ќе добијат нови нијанси и комбинации во ентериерот.

Поврзани вести

Back to top button