BMW објави фотографии од новата Серија 4 со M Performance пакет

По претставувањето на најновата генерација на BMW Серија 4 Coupe, баварскиот гигант објави фотографии и од M Performance верзијата на моделот

BMW претходно во текот на оваа недела ја претстави новата Серија 4. Сепак, тоа нема биде се од германскиот производител, со оглед на тоа дека објавија фотографии од M Performance верзијата на истиот модел кој делува навистина моќно.

Кога ќе се појави во продажба во октомври, BMW ќе овозможи им овозможи на купувачите новата Серија 4 да ја добијат со голем избор на спортски детали во надворешноста, но и внатрешноста. Така, M Performance нуди нешто поголем број детали на екстериерот, пред се изработени од карбон. Новата „четворка“, кога станува збор за предниот дел, има нов преден спојлер, поинакви отвори за воздух, а новата маска од ладилникот, односно „џиновските бубрези“ се во црна боја. Кога станува збор за задниот дел, тука е спојлерот изработен од карбон и нешто поинаквиот дифузор. Тука е и затемнетиот BMW беџ, затемнетите задни светла и издувните цевки. и ретровизори изработени од карбон.

Не треба да се заборават ниту останатите детали кои BMW ќе ги понуди за новата Серија 4. Тука се црните карбон ретровизори, како и новите прагови и страничната црна заштита со натпис M Performance. Во понудата се наоѓаат и М Performance кочници, црвена кочничка клешта, црни алуминиумски фелни, како и спортски педали и M Performance спортски управувач обложен со алкантара и карбон.

За фотосесијата со M Performance пакетот од BMW го избраа моделот M440i xDrive. Оваа верзија се напојува со 3,0-литарски шестцилиндричен мотор со 374 КС и 500 Nm, со 48 волтна блага хибридна технологија за дополнителни 11 КС и осумстепен Steptronic менувач задолжен за пренесување на моќноста на сите четири тркала.

Поврзани вести

Back to top button