fbpx

BMW по шест години го прекинува производството на i8

По шест години сериско производство, BMW во април годинава ќе ги запре производните ленти од кои се симнува хибридниот спортски автомобил i8

Првиот хибриден спортски автомобил на BMW – i8, за кој многумина сметаа дека ќе биде директен наследник на легендарниот М1, не ги собра симпатиите како што се очекуваше, а по шест години, во април ќе престане сериското производство на овој модел.

Последните порачки за овој модел ќе се примаат до февруари, а како што стојат работите во моментов, во голем број продажни салони на BMW ширум Европа започнаа и значителни попусти за овој модел, па така сега е возможно да се набави i8 и за преку 20.000 евра поевтино во однос на првичната цена.

Како што најавуваат во BMW, компанијата ќе се насочи кон нови електрични модели во понудата, пред се iX3 SUV, i4, како и iNext SUV, додека наследникот на i8 би можел да се појави дури за некои пет години, базиран на минатогодишниот концепт Vision M Next. Кога станува збор за технологијата, производителот од Минхен сака да го искористи знаењето кое ќе го стекне со учеството во Formula E, па оваа серија воедно да биде и платформа за посилна промоција на електричниот спортски модел.

Поврзани вести

Back to top button