BMW ја покажа новата Z4

Германскиот производител BMW објави фотографии и официјално видео со кое се претставува новата генерација на родстер Z4

Снимениот автомобил е топ-верзијата на моделот – M40i, бидејќи Баварците не „смеат“ да ја пуштаат модификацијата BMW Z4 M. Официјална информација за динамичките вредности на моторот на родстерот во оваа опција не се објавени, но сепак е познато дека тоа ќе е нов во линија шестцилиндерски агрегат, кој според познавачите, ќе биде со моќност од околу 385 КС.

Она што е потврдено е дека оваа верзија на машината ќе добие пакет BMW M Performance, кој вклучува спуштена спортска суспензија со амортизери со електронско управување, ново предно потпирање, алуминиумски тркала со гуми со различна големина на предната и задната оска, спортски систем за сопирање и блокада на задниот диференцијал со електронска контрола. Нема детали ни за ентериерот на новата BMW Z4, но се очекува тој да располага со нов систем iDrive со оперативен систем 7.0.

Премиерата на родстерот, кој е изграден на иста платформа со ревитализираната Toyota Supra, треба да се одржи до крајот на годината.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close