fbpx

Борба за власт во Renault-Nissan по отстранувањето на Гон

Отстранувањето на Карлос Гон од раководните позиции во Nissan доведе до сериозна битка за превласт во aлијансата со Renault, како и до тензии во односите меѓу двете компании

Поради тоа во текот на неделата раководители на двата производители, заедно со претставници на третиот партнер во групата Mitsubishi ќе се состанат во Амстердам, каде што ќе бараат варијанти за иднината.

NissanДвата водечки производител во алијансата Renault и Nissan веќе најавија дека ќе го задржат партнерството, но Јапонците почнаа да прават обиди за извлекување од контролата на Французите. Главниот извршен директор на Nissan, Хирото Саикава, веќе најави дека сака да стави крај на контролата на Renault на компанијата, а за целта Французите треба да го продадат делот од контролниот пакет акции на јапонската фирма, која ги поседува.

За возврат од Renault сепак се категорични дека ќе продолжат да ги почитуваат условите на договорот за водење на алијансата од 2002 година и ќе назначат четврти свој претставник во бордот на директори на Nissan. Во моментов има три претставници на Nissan, вклучувајќи го и Гон, кои можат да се отстранат само по состанокот на одборот на директори.

Намерите на Renault беа пречекани на нож од Јапонците кои инсистираат токму за спротивното, бројката да биде намалена до двајца што и ќе се случи по отстранувањето на Гон.

Нешто повеќе, од Nissan дури сакаат да преговараат и за помало присуство на француски претставници (еден или дури ниту еден) во управата на компанијата. Во моментов Renault држи 43% од Nissan, а има право на глас при донесувањето на одлуките, додека Јапонците имаат само 15% од акциите на француската фирма и немаат право на глас.

Борбата за независност, ја поведе Саикава, кој сепак добива и поддршка на голем број на инвеститори, кои исто така се залагаат за намалување на влијанието на Renault.

„Врската помеѓу Nissan и Renault треба да има ребаланс – коментира Арнд Елингхорст чија компанијата Evercore е една од најголемите инвеститори во Nissan. – Бараме Renault да продаде најмалку 25% од акциите во Nissan, а со добиените средства да го откупи назад својот пакет“.

Досега и трите главни производители во алијансата тврдат дека апсењето и отстранувањето на Гон не влијае на работењето и продолжуваат нормално. Јавно, сепак тоа не е точно затоа што од Јапонскиот автомобилски производител најавија дека го одлагаат официјалното претставување на новата верзија на електричниот Leaf, што требаше да се одржи на 28 ноември на две локации.

Nissan

Поврзани вести

Back to top button