НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

„X-шестка“ од Borgward

Германската марка Borgward која припаѓа на кинеската компанија Foton Motor, ја пополни гамата и со трет модел, позициониран меѓу предводникот BX7 и помалиот BX5

Продажбата на BX6 започнува во ноември.

Новиот кросовер е изграден на платформата од BX5 и го има истото меѓуоскино растојание од 2685 mm. Поради поголемиот багажник сепак „шестката“ е подолга за 12 cm – 4.483 во однос на 4.601 mm. Borgward BX6 ќе се опремува со познатите мотори од другите модели на марката, 1.4 и 2.0-литарски бензински турбо со моќност од 143 и 224 КС, во спрега со седум-брзински роботски менувач со две спојки. Во догледна иднина, исто така, треба да биде достапна хибридна изведба.
Foton Motor
На автосалонот во Шангај, во април, од Foton Motor ветија не само што ќе ја вратат марката Borgward во историската нејзина татковина – Германија, туку ќе започнат со производство на домашна почва, на модели за европскиот пазар, при тоа со доста атрактивни цени.
Foton Motor

Клучни зборови

Поврзани вести

Close