fbpx

Во Бразил премиера на мјузиклот за Сена

Фановите на легендарниот бразилски пилот во Formula 1, Аиртон Сена, беа изненадени од премиерата на мјузиклот „Ayrton Senna, o Musical“

Премиерата беше изведна во Рио де Жанеиро, токму за време на одржувањето на годинашново издание на ГН на Бразил.

Музичкиот спектакл е дело на компанијата Aventura Entretenimento, која веќе постигна успех на локалниот пазар со бразилските верзии на „Звукот на музиката” и „Волшебникот од Оз”. Според локалните медиуми, мјузиклот добил одобрение од семејството на трикратниот светски шампион, кој загина на 1 мај 1994 година на патеката Имола.

Поради невидениот успех, за шоуто веќе се зборува дека можеби ќе направи светска турнеја во блиска иднина. Но, никој не знае кога, бидејќи интересот на Бразил за мјузиклот во моментов е огромен.

Поврзани вести

Back to top button