Bugatti го реставрираше првиот Veyron Grand Sport

Пазарот за официјални реставрации на автомобилите продолжува да расте, а последниот бренд во оваа низа е Bugatti кој ја изврши својата прва реставрација

Bugatti се приклучува на останатите луксузни брендови на пазарот со реставрирање на автомобили, иако нивниот прв реставриран модел е прилично млад. Имено, производителот од Молсхајм во целост го реставрираше првиот прототип на Veyron Grand Sport, кабрио верзијата на автомобилот кој некогаш важеше за најбрз во светот.

Bugatti Grand Sport

Компанијата ја започна својата прва реставрација со La Maison Pur Sang програмата во 2020 година. Иако историјата на Bugatti датира од раните 1900-ти години, првиот проект на новата услуга која ја нуди компанијата е првиот Veyron 16.4 Grand Sport прототипот. Прототипот е произведен во 2008 година, а за првпат беше претставен на изложбата во Pebble Beach. Со оглед на тоа дека станува збор за прототип, автомобилот постојано патувал и бил дел од изложби во Европа, Северна Америка и на Блискиот Исток. Поради ова, автомобилот никогаш не бил регистриран од страна на приватен сопственик. Подоцна, благодарение на овој модел, Bugatti произведе само 150 примероци на моделот.

„По официјалното потврдување на статусот на автомобилот како важен историски модел и прототип кој помогна да се лансира Veyron Grand Sport во 2008, автомобилот наеднаш доби внимание од неколку докажани колекционери и беше откупен речиси веднаш“, ијави Луиџи Гали, кој е шеф на La Maison Pur Sang програмата.

Детален процес на реставрирање

Наречен Grand Sport 2.1 од страна на Bugatti, моделот е финиширан во сребрена металик боја со Cognac кожен ентериер кој го задржува и денес. Bugatti го откупи автомобилот во 2020 година со цел да направи комплетна и детална реставрација.

Благодарение на големиот број податоци, Bugatti успеа да ја потврди оригиналноста на автомобилот. По ова следуваше отстранувањето и фарбањето на панелите на каросеријата, го освежи или го замени целиот кожен и алуминиумски трим и ја репозиционираше централната конзола со цел да соодветствува со оригиналната конфигурација на моделот.

Сега кога реставрацијата е готова, Bugatti ја нуди оваа услуга на сите свои клиенти, за која вели дека ќе ја зголеми вредноста на колекционерските автомобили. Производителот исто така нуди и голем број други услуги за верифицирање на автентичноста на моделите.

Поврзани вести

Back to top button