fbpx

Byton ќе може слободно да се продава во САД

Кинеската компанија доби лиценца со која може да започне со продажба во САД од 2021 година.

Кинеската стартап компанија за електрични возила Byton доби лиценца која и дозволува да започне со продажба во САД од 2021 година.

Компанијата, во која државната FAW Group поседува 15 проценти од акциите, соопшти дека дека сојузната држава Калифорнија им издала лиценца за продажба на нивниот субјект за малопродажба Byton Cars California LLC, како и дистрибутерска лиценца за нивниот северноамерикански дистрибутивен ентитет, Byton Americas LLC. Овие две ќе ја сочинуваат основата на она што во компанијата го нарекуваат хибриден модел на малопродажба во САД.

Тоа значи дека Byton ќе може да продава директно на клиенти во Калифорнија и преку интернет на клиентите во останатите држави по цена од 45.000 долари.

„Правиме модел за малопродажба кој никогаш претходно го немало во САД. Важно е да ги наместиме вистинските делчиња на вистинското место за да го направиме искуството со Byton лесно за уживање кога ќе започнеме со продажба во САД во 2021. година“, велат од Byton Americas.

Тие исто така истакнаа дека новиот M-Byte е на пат да биде лансиран во Кина следната година, по што следуваат САД и Европа во 2021. Пред-производството на EV започна во Нанџинг, Кина на 24. октомври. Ако се се одвива според планот, Byton може да стане првиот кинески производител на автомобили кој ќе ги продава своите производи во Соединетите Американски Држави.

Во таа насока, Byton исто така најави соработка со Electrify America. Тоа ќе им се овозможи на сопствениците на M-Byte во САД да имаат пристап до мрежата на Electrify America за брзите јавни станици за полнење.

Како дел од програмата, купувачите на M-Byte EV ќе добијат две години бесплатен неограничен 30-минутен пристап до станиците за полнење, како и неограничено 60-минутно полнење на сите јавни полначи на Electrify America.

Поврзани вести

Back to top button