fbpx

Cadillac ја претстави новата генерација на Escalade

Премиум дивизијата на General Motors, Cadillac, ја претстави новата генерација на миленикот на Американците, Escalade

Cadillac отсекогаш кај Американците важел за синоним за најдоброто, без разлика дали е автомобил или нешто друго. Со години овој бренд поставуваше високи стандарди, пред да ја загуби трката со германските и јапонските ривали во текот на минатиот век. Сепак, и покрај тоа, моделот Escalade се покажа како огромен успех за Cadillac уште од првиот ден.

Минатата година беа продадени 35.000 единици на американскиот пазар, што е одлична бројка со оглед на тоа дека цената умее да надмине и 100.000 долари. Сега, пристигнува целосно новиот Escalade за 2021 година, а во Cadillac тврдат дека воопшто не штеделе на развојот. Според главниот дизајнер Фил Кучер, овој SUV претставува најдобриот модел на најдобрата дивизија на GM, па со самото тоа на него работеле најдобрите инженери и дизајнери, а на прв поглед се чини дека таквата стратегија дефинитивно дава резултати.

Escalade

И покрај вложениот труд и пари, изгледот не претставува некое изненадување, со оглед на тоа дека не е отстапено од дизајнерскиот речник на брендот. Забележително е што Escalade „позајми“ доста линии од концептот Escala претставена пред четири години, а препознатливиот стил на Cadillac e повеќе од очигледен. Големата маска на ладилникот ќе може да се нарача во хромирана варијанта или во бојата на возилото, додека предните светла се најмали кои овој SUV ги имал во својата историја.

Ентериерот е категоријата каде што овој производител често заостануваше зад конкуренцијата, поради што овојпат е посветено големо внимание на деталите. Речиси сите команди се дигитални, а тука се дури три екрани со различна големина (7,2 инчи, 14,2 инчи и 16,9 инчи). На задните седишта се наоѓаат 12,6-инчни екрани преку кои патниците ќе можат да ги конектираат своите мобилни телефони. Тука е и опциониот аудио систем со дури 36 звучници, што е прв во автомобилската индустрија.

Escalade

Новиот Escalade пристигнува со неколку новини

Како новина се нуди и Super Cruise системот кој овозможува самостојно возење на автомобилот, кој е следен од LiDAR дата, GPS, камери и радарски систем и исто така ќе овозможува самостојно менување на сообраќајни ленти со вклучувањето на сигнализацијата за насоки. Driver attention системот го следи лицето зад управувачот мошне внимателно, а во случај Escalade да воочи дека е потребна дополнителна активност од возачот, тогаш се огласуваат алармите во кабината.

Како и во минатото, Escalade ќе ја дели платформата со уште два модели на General Motors и тоа Chevrolet Tahoe/Suburban и GMC Yukon/Yukon XL. Тоа не значи дека понудата ќе се заснова на стандардниот модел со два реда седишта и продолжениот ESV модел со три реда на седишта, со соодветна големина на багажникот. Новиот модел е поголем во секој поглед во споредба со моделот кој го заменува, па така повторно ја презеде лидерската позиција од Lincoln Navigator по тоа прашање.

Cadillac и новиот Escalade ќе го понуди со стандардното и продолжено меѓуосовинско растојание, додека под хаубата ќе се најде 6,2-литарскиот V8 мотор со 420 КС во комбинација со 10-степен автоматски менувач преку кој ќе се пренесува силата на сите четири тркала. Подоцна, понудата ќе биде зголемена и со 3,0-литарскиот дизел со 277 КС и дури 624 Nm максимален вртежен момент. Треба да се спомене и адаптивниот систем на потпирање, новиот дизајн на тркалата, луксузниот ентериер со елементи на кожа и дрво, како и подолгата листа на безбедносни системи и системи за асистенција на возачот.

Производството на новиот Cadillac Escalade ќе се одвива во Арлингтон фабриката во Тексас, а почетната цена се очекува да биде 77.000 долари.

Поврзани вести

Back to top button