fbpx

Карлос Гон: Иднината на дизелот неизвесна

Иднината на дизел автомобили останува нејасна, објасни шефот на Renault-Nissan, Карлос Гон, на Светскиот економски форум во Давос

Гон во швајцарската „економска Мека“ ги претстави плановите на производителот на автомобили за соработката со компании како Uber и Amazon во развојот и спроведувањето на автономните автомобили. Но, ова се проекти ориентирани кон иднината, напомена Гон, кој додаде дека ако се осврне на реалноста, еден од најголемите проблеми е дизелот.

И Гон нема големи надежи за ова гориво кое од ден во ден е на се поголеми „удари, критики, лоши квалификации….“. Тој напомена дека со години дизел моторите доминираа на европскиот пазар поради нивните пониски трошоци и даноци, но ова веќе се менува.

Иднината

-Анализите велат дека наскоро процентот на дизел автомобилите на европскиот пазар ќе падне под 40%, предвидува Гон. – Ги принудува производителите на автомобили да се прилагодат на новата реалност и постојано да ги зголемуваат инвестициите во почисти технологии. Ние, како и нашите најголеми конкуренти, веќе имаме соодветни стратегии за ова.

Во 2017 година, за прв пат од 2009, продажбата на бензинските автомобили во Европа ги надмина оние на дизел, според податоците на ACEA. Уделот на дизел остварувањата во Европа минатата година падна на 46,3 проценти и се очекува да продолжи да паѓа, како што рече Гон.

Поврзани вести

Back to top button