Clio го претрка Golf и стана најпродаван во Европа

Според податоците за регистрација на нови возила за февруари оваа година, Renault Clio е најпродаваниот модел во Европа за изминатиот месец

Ова значи дека Renault Clio во февруари според продажбата го претекна Volkswagen Golf. Поточно, Clio во февруари на европскиот пазар нашол 24.914 нови сопственици, додела Golf помина за нијанса послабо со продадени 24.735 возила. Официјалните податоци велат дека Clio имал подолг период на нарачка во однос на новиот Golf, а како резултат на тоа се и статистичките податоци за продадени единици.

Двата модели според податоците на JATO Dynamics забележале пад во бројот на регистрации во однос на февруари 2019 година и тоа Clio за четири проценти, а Golf за дури 21 процент. Продажбата на нови возила во февруари на европскиот пазар опадна за седум проценти, од минатогодишните 1.143.852 на 1.063.264.

Раст на продажбата од 10 проценти забележа Fiat Panda и сега се наоѓа на петтото место според продажба, а интересно, во најпродаваните 10 модели за месец февруари нема ниту еден SUV модел. Се очекува пандемијата на коронавирусот допрва да му зададе тежок удар на европскиот пазар на автомобили.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close