Cupra објави нови фотки и видеа од освежената Ateca

Cupra Ateca во јуни доби стилско освежување за моделската година 2021, а подбрендот на Seat сега објави нова доза на фотографии и видеа за својот перформансен SUV

Лансиран од страна на Seat кон крајот на 2018 година како прв производ на нивниот нов перформансен бренд, Cupra Ateca сега повторно е во фокусот откако беше освежена заедно со остатокот од опсегот на Seat Ateca. Освежениот кросовер за прв пат беше прикажан во јуни, а сега имаме шанса да добиеме подобар увид благодарение на новите фотографии и видеа објавени од шпанскиот производител. Кога станува збор за стајлингот, освежената Cupra Ateca најголемите промени ги има на предниот дел.

Перформансниот SUV добива променети full LED предни светла слични на оние кои се наоѓаат кај поновите модели како Leon и Tarraco. Тука е и предната решетка на Cupra инспирирана од моделот Formentor, поагресивен преден браник со поголеми отвори за воздух и задни LED светла со динамични индикатори.

Новите 19-инчни тркала кои се нудат во опција со бакарни акценти, исто така се дел од пакетот, како и сјајните темни алуминиумски калапи, покривни решетки и куќишта на ретровизорите, како и издувниот систем со четири завршетоци. За екстериерот се достапни шест бои.

Во внатрешноста, Cupra Ateca добива стандардни Dinamica седишта, нов мултифункционален управувач и копче за селектирање на Cupra режимот. Тука се е и алуминиумските педали, новиот 10,25-инчен дигитален кокпит и 9,2-инчниот инфозабавен систем сонавигација и Apple CarPlay и Android Auto интеграција. Во кабината се наоѓаат и бакарни и темни алуминиумски детали за поспортски изглед.

Cupra Ateca

Како и претходно, Cupra Ateca доаѓа со 2,0-литарскиот TSI четирицилиндричен бензински мотор со 300 КС и 400 Nm максимален вртежен момент. Моќноста се испраќа до сите четири тркала благодарение на седумстепениот DSG менувач со двојна спојка. Ова овозможува од нула до „стотка“ да се стигне за 4,9 секунди, а максималната брзина е 247 километри на час.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close