fbpx

Детроит 2018: Nissan импресионира со концептот Xmotion

Nissan претстави импресивна концептна изведба- Xmotion за време на меѓународниот салон во Детроит и со негова помош навестува револуционерен компактен SUV на марката

Nissan Xmotion е со специфични седишта, конфигуриран во три реда, а за неговиот дизајн од брендот велат дека ја комбинира јапонската култура, традицоното мајсторство на американските изведби за пространост, со новата генерација на технологијата Nissan Intelligent Mobility. Токму така, Xmotion дава идеја за развојот на дизајнот на Nissan, од кој треба да очекуваме повеќе експресивни и футуристички стилистички решенија, како и решителни нови варијации на класични решенија.

Типичен примери за тоа, при концептната верзија можеме да најдеме во дизајнот на 21-инчни фелни, футуристички деллив багажник, специфичен покрив во нивоа и уникатните задни светла. Во однос на внатрешниот распоред, од Nissan коментираат дека дизајнот на подот му е инспириран од „река“, а централната конзола ја игра улогата на мост.

Nissan Xmotion

1 | Xmotion
2 | Xmotion
3 | Xmotion
4 | Xmotion
5 | Xmotion

    Инструменталниот панел е модерна интерпретација на традиционалната kigumi техника за дрвени склопови, а вкупно во ентериерот има оформени седум дигитални екрани. Тие и инфо-забавниот систем на Xmotion можат да бидат контролирани преку гестови и дури само со движење на очите, а гласовното управување придонесува за уште поголема функционалност, а со самото тоа повисоко рамниште и за безбедноста на патот.

    Поврзани вести

    Back to top button