fbpx

Дизајнот на Kia Sorento награден од Red Dot и iF Award

Новата генерација на Kia Sorento се закити со две престижни дизајнерски награди на Red Dot и IF Award

Корејскиот производител од 2009 година до сега успеа да собере 47 награди за дизајн од Red Dot и iF Award, а двете најнови признанија се однесуваат на новата, електрифицирана генерација на Sorento. SUV моделот на Kia досега успеа да собере повеќе награди, а во своето портфолио сега успеа да ги додаде и двете глобално реномирани дизајнерски награди.

Со овие две последни признанија добиени благодарение на Sorento, марката Kia ја продолжи својата фантастична серија на успеси во двете конкуренции. Kia Soul беше првиот модел на корејскиот производител кој се закити со Red Dot признанието уште во 2009 година, а во текот на годините, уште 26 модели на Kia успеаја да дојдат до посакуваната и престижна награда. Кога станува збор, пак, за iF Award, бројот на наградувани возила на Kia на овој конкурс се искачи на 21.

Kia Sorento кратко по својата премиера минатата година, доби награда за својот дизајн во конкурсот за „Автомобил со погон на сите четири тркала за 2020 година“ од Auto Bild Allrad, а потоа следуваше и најважната германска автомобилска награда „Златен управувач 2020“ во каласата за „големи SUV модели“. На крајот, во март годинава, Sorento беше прогласен за „Светски автомобил на жените за 2021 година“ во категоријата „голем SUV“.

Кога станува збор за самиот стајлинг на Kia Sorento, треба да се истакне дека SUV моделот е создаден меѓу двете дизајнерски студија на корејската марка. „Кога го дизајниравме новиот Sorento, се обидовме да ја развиеме робусната естетика на претходните генерации притоа применувајќи поголем степен на префинетост и елеганција. Навистина, концептот за „рафинирана смелост“ го инспирираше целиот процес – со цел да биде зрел и избалансиран, но и сигурен дизајн. Воодушевени сме што престижните награди како Red Dot и iF го препознаа ова дело“, изјави Карим Хабиб, раководителот на центарот за глобален дизајн.

Поврзани вести

Back to top button