fbpx

Викенд тарифа: Електрична „flagship“ битка

Драг трка, како и целосен преглед на најпопуларните електрични модели денес, Porsche Taycan Turbo S и Tesla Model S Performance

Слободно може да се нарече „Долгоочекувана битка“. Од самото појавување на Tesla Model S, автомобилот беше дел од голем број на трки, од драг па се до кружни, каде неговите е-сили беа измерени со оние на чисто-конвенционалните модели, хибриди па дури и електрични автомобили.

Пред речиси месец и половина, електричниот предводник на Porsche, Taycan, ја доби својата премиера на Саемот во Франкфурт, па само прашање беше кога тој ќе застане рамо до рамо со американскиот седан.

Сега, тимот на TopGear ни го овозможи токму тоа. На едната страна на стартната позиција се наоѓа перформансната изведба на Tesla Model S, односно Tesla Model S Performance, кој располага со 754 коњски сили и вртежен момент од 930 Nm. На другата страна, поставен е новиот Porsche Taycan во Turbo S изведба, кој доаѓа со моќност од 750 коњски сили и 1050 Nm вртежен момент.

Кој од овие два електрични модели е побрз, дознајте од видеото подоле, каде исто така може да добиете детален преглед на двата автомобили.

Поврзани вести

Back to top button