fbpx

Шангај 2019: „електрична, иновативна и одржлива“ Škoda

Чешкиот бренд во Кина преку своите електрични модели, ќе ја претстави својата динамична, иновативна и одржлива визија за иднината на кинескиот пазар

Чешкиот бренд останува посветен на намерата да го продолжи својот развој во еден од најважните и најрастечките сегменти на кинескиот пазар, сегментот на електричната мобилност. На престојниот саем во Шангај, Škoda ќе се претстави со концептните модели Vision iV и Klement, преку кои ќе ја претстави својата динамична, иновативна и одржлива визија за иднината на кинескиот пазар.

Покрај електричните модели, брендот ќе се претстави и со подемниот SUV сегмент, кој има значителен понатамошен потенцијал за раст. Кина е единствениот пазар во кој Škoda нуди четири различни SUV модели, а на оваа листа се вбројува врвниот Kodiaq GT, Kodiaq, како и Karoq и Kamiq.

Škoda

Електричните Vision iV и Klement нудат возбудливи перспективи за електрична иднина. Концептниот Vision iV претставува првиот електричен модел на брендот, кој воедно овозможува конкретен преглед на електирчната мобилност на брендот. Електричниот концепт ќе се базира на модуларната платформа за електрични автомобили, а ќе биде лансиран во Европа во 2020 година.

Моделот претрпе низа визуелни и технолошки прилагодувања со цел да се прилагоди на кинескиот пазар, па така Škoda го опреми со електричен мотор од 204 КС позициониран во задниот дел, со задача да ја придвижува задната оска. Компактната литиум-јонска батерија е вградена во подот на автомобилот и доаѓа со капацитет од 83 kWh, при што нуди опсег до 500 километри.

Škoda

Како дел од микромобилноста, Škoda ќе го претстави електричниот, иновативен и модерен Klement. Со воведувањето на концептот за мобилност, брендот ја претставува својата иновативна визија во поглед на модерната микромобилност во кинеските метрополи. Благодарение на четири-киловатниот мотор поставен на задниот капак, Klement достигнува максимална брзина од 45 километри на час, додека регулирањето на гаста и сопирачката е овозможено преку иновативни педали. Предната хидраулина сопирачка е подржана од ABS систем, а дел од овој концепт се и LED светлата кои гарантираат безбедно управување.

Чешкиот SUV квартет наменет за кинескиот пазар се содржи од Škoda Kodiaq, изменетиот Škoda Karoq кој е 50 милиметри подолг од европската изведба, како и Škoda Karoq и Škoda Kamiq, развиени исклучиво за Кина. Првиот на листата, моделот Kodiaq го претставуваше почетокот на SUV кампањата на брендот, а воедно беше и првиот модел кој го прикажува сегашниот дизајнерски јазик на Škoda.

Škoda

Како прв купе-SUV модел на Škoda, Kodiaq GT стана предводник на брендот и иконски модел кој доаѓа со динамичен изглед, најсовремени функции за поврзување и иновативни системи за помош. Одликувајќи се со спортски и модерен дизајн, Kodiaq GT претставува одличен микс на SUV карактеристики со елеганција на купе.

Специјално дизајниран за потребите на кинескиот пазар, Škoda Karoq обезбедува уште поголема удобност, бидејќи самото возило и нејговото меѓуоскино растојание се за 50 милиметри подолги во однос на европската верзија. Тој изобилува со системи за помош и го зазема врвот во својот сегмент со своите иновативни решенија за поврзување.

Верзијата на Škoda Kamiq со моќност од 110 КС претставува влезен модел во SUV сегментот на брендот наменет за Кина, кој располага со модерни решенија за поврзување, наменети за млади и урбани клиенти. Еден од технолошките белези на овој модел е гласовната команда од iFlytek, водечки азиски снабдувач на технологија за препознавање глас базирана на вештачка интелигенција.

Поврзани вести

Back to top button