Електричниот Kia CV пристигнува во 2022 година

Полека но сигурно, електричниот јуриш на Kia добива забрзување со новите електрифицирани модели кои ќе дебитираат во следните години

Еден од електричните автомобили на Kia кои ќе се најдат во фокусот е кросовер, кој „игра“ на линијата на традиционален SUV и лифтбек, под кодното име CV. Иако номенклатурата на CV допрва треба да биде потврдена, шпиунските фотографии индицираат дека тој споделува стилски елементи со Kia Futuron и Imagine концептите кои дебитираа минатата година на China International Import Expo и на Салонот во Женева.

Kia ги искористи двата концептни модели како назнака за нивните намери за идните возила – нагласувајќи го спортскиот и елегантен дизајн, во пакет со новата интерпретација на препознатливата предна решетка на Kia „тигрестиот нос“. Продукциската верзија на CV е првиот модел кој ќе го открие новиот дизајнерски јазик.

Предниот стајлинг, како што открива порталот Carscoops, се карактеризира со широки LED светла, динамична долна графика и хауба со изглед на школка. Елегантните столбови го истакнуваат ефектот на лебдечки покрив, а линијата на ременот се крева кон задниот дел ставајќи дополнителен акцент на ниската и навалена позиција.

Kia CV најава за новиот дизајнерски јазик на компанијата

Најдраматичниот поглед пристигнува од задната страна, стајлингот е доминиран од исклучително тенки LED задни светла кои го обложуваат горниот лак на отворот, со осветлена шема на перка со футуристички дизајн. Исто како и престојните електрични 45 и Prophecy возила, така и CV ја користи глобалната електрична модуларна платформа E-GMP на автомобилскиот производител, која исто така ќе поддржи и неколку нови електрични возила кои ќе се појават наскоро.

Kia

И додека моќноста и вртежниот момент се непознати, електричниот автомобил на Kia ќе има автономија од 500 километри и ќе понуди брзо полнење за помалку од 20 минути. Според некои информации, може да се очекуваат батерии од 75 до 100 kWh, во комбинација со потентен склоп со двојни електромотори.

Целосното автономно возење сепак е се уште далеку за CV. Сепак, од лансирањето автомобилот ќе добие технологија за асистенција на возачот, како автономно сопирање, одржување на коловозната лента, асистент за безбеден излез и друго.

Kia

Новиот целосно електричен автомобил на Kia ќе има голема конкуренција кога ќе пристигне на пазарот следната година, без разлика дали ќе биде 2021 или 2022 моделска година, иако два модели веќе се истакнуваат – Tesla Model 3 и Polestar 2. Зависно од цената, димензиите, спецификациите и достапноста на пазарот, останати ривали можат да бидат и Hyundai 45, престојниот модел на Toyota, Volkswagen ID.4 и веројатно Škoda Enyaq.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close