Електричниот Mercedes EQA ќе дебитира во ноември
Новиот електричен SUV на Mercedes, моделот EQA, би требало да донесе значително подобра продажба отколку што е случајот со моделот EQC
Mercedes најпрво започна со развојот на EQB и според очекувањата тој требаше да дебитира пред EQA. Сепак, германската марка во меѓувреме ги промени плановите, со тоа што EQA доби приоритет бидејќи во Mercedes веруваат дека овој модел ќе има поголеми шанси за подобар комерцијален успех.
Интересно е тоа што Mercedes EQA ќе биде поставен на платформата EVA 1.5 која всушност е еволуција на архитектурата наменета за возилата со конвенционални мотори, во база за електричните модели. Така, EQA е всушност електрична варијанта на компактниот GLA. Според се уште неофицијалните информации, новиот електричен SUV на Mercedes ќе се нуди со батерии со капацитет од 60, 80 или 110 kWh. Автономијата на движење ќе осцилира помеѓу 400 километри (најслабата батерија) и 700 километри (онаа со најголем капацитет).
Благодарение на прилагодувањето на платформата за електричните возила, внатрешноста на EQA ќе биде далеку попростана во однос на конвенционалниот GLA. Германските новинари наведуваат дека се очекува пространост која е на ниво од повисокиот сегмент наспроти оној во кој EQA инаку настапува.
Во понудата се очекува да се најдат повеќе верзии кога станува збор за самиот погон, односно електромотори. Базичниот модел ќе користи еден електромотор поставен на предната осовина со 204 КС, додека на врвот на понудата треба да се најде варијантата со два електромотори, по еден на секоја осовина, а оваа опција ќе располага со најмалку 340 КС.
Се очекува Mercedes EQA да биде премиерно претставен кон крајот на октомври, но западноевропските медиуми веруваат дека тоа ќе се случи кон почетокот на ноември. Засега нема информации за цената за овој автомобил, но според некои проценки, истата ќе изснесува околу 45.000 евра.