fbpx

Електричниот Mercedes EQE пристигнува во 2023 година

Mercedes продолжува со развојот на новите електрични EQ модели, а на германските патишта се најде прототип од електричниот EQE кој се очекува за 2023 година

Mercedes-Benz има за цел да понуди широка лепеза на електрични модели под ознаката EQ, која ќе биде подеднаква со понудата на конвенционални модели. Прв на пазарот се појави EQC, електричната алтернатива на моделот GLC, а компактните модели EQA и EQB пристигнуваат кон крајот на оваа година.

Освен овие погоре споменати, се очекува и моделот EQE, ознака која ќе ја делат големата лимузина и SUV моделот. Прототипите од лимузината веќе се видени на тестирање, а сега се појави и прототип од SUV верзијата. Првите фотографии посочуваат дека двата модели ќе имаат речиси идентичен изглед на предниот дел.

EQE

Камуфлажата спречува воочување на детали, но јасно е дека EQE ќе има тенки предни LED светла сместени во едноделната предна маска. Од А столбовите кон назад, овој SUV добива потрадиционални, коцкасти пропорции. Слично како и во случајот со EQC, останатите промени на дизајнот вклучуваат пократка хауба и подолго меѓуосовинско растојание.

Иако прототипите се на патиштата, продукцискиот EQE SUV се очекува во 2023 година, додека лимузината ќе пристигне нешто порано. EQE е базиран на платформата на Mercedes наменета за електрични автомобили, а таа ќе дебитира со лансирањето на лимузината EQS следната година. Платформата MEA ќе овозможи флексибилност кога станува збор за пропорциите на возилото, меѓуосовинското растојание и практичност бидејќи инженерите нема да мораат да сместуваат менувач или мотор.

Generation EQ, Exterieur, Studio

Mercedes ќе понуди различни батерии за EQE, вклучително батерија од 100 kWh која би можела да овозможи автономија од речиси 700 километри. Речиси сигурно е дека оваа батерија ќе се појави во најскапиот модел, додека поевтините верзии ќе имаат батерии со помал капацитет и опсег.

Кога станува збор за новата платформа, на листата на приоритети е ултра брзото полнење. Батеријата на моделот EQE би требало да се полни до 80 проценти за 20 минути.

Поврзани вести

Back to top button