fbpx

Електричните автомобили од Кина ќе доминираат во светот

Постои сериозна можност електричните автомобили произведени во Кина во блиска иднина да воспостават доминација на светскиот пазар

Американскиот бизнис магазин Forbes смета дека е прашање на време кога кинеските електрични автомобили ќе воспостават доминација во светот. Кина одржува чекор со западниот свет кога станува збор за производството на овој тип возила, па дури и во некои сегменти успева да ја надмине конкуренцијата, пишува Forbes. Во најнаселената земја на светот во 2019 година имало 2,58 милиони електрични возила. За споредба, во Европа имало 970.000, а во САД 880.000 електрични автомобили, според податоците на Меѓународната агенција за енергија.

Освен тоа, во Кина постои најголем број на јавни полначи на батерии за електрични автомобили во однос на остатокот од светот, а таа бројка постојано се зголемува и сочинува 82 проценти од вкупното зголемување на бројот на полначи во светот.

Во оваа земја се произведуваат електрични автомобили со врвен квалитет кои станаа мошне конкурентни на пазарот. Како пример може да се издвои Xpeng P7 кој е сличен со Tesla Model 3. Со својот атрактивен дизајн и забрзување од нула до „стотка“ за само 4,7 секунди, цената за P7 изнесува 36.000 долари. Ова не е единствениот кинески електричен автомобил кој е конкурентен на оние од остатокот од светот.

Пониската цена, се подобриот квалитет и атрактивниот дизајн не се единствената предност на кинеските автомобили. Постојат и други фактори кои ги прават се поконкурентни. Еден од нив е тоа што Кина е најголемиот производител на литиум на светот – ресурс кој е потребен за производство на батерии. САД произведуваат само 2 проценти литиум во однос на остатокот од светот.

Forbes проценува дека сегашната политика на западните земји ја оневозможуваат доминацијата на кинеските електрични возила и во овој дел од планетата. Но, прашање е кога тоа ќе се промени кога ќе се покаже дека протекционистичките политики не се одржливи.

Поврзани вести

Back to top button