fbpx

Електрифицираните возила со голем раст во Европа

Иако европскиот пазар се мачи и во 2021 година, бројките за продадени електрични и plug-in хибридни возила навистина охрабруваат

Електрифицираните автомобили го зголемуваат својот удел на пазарот во Европа и покрај тоа што Стариот континент се уште е во фаза на опоравување кога станува збор за автомобилскиот пазар. JATO Dynamics пренесува дека иако севкупната продажба е опадната за 20 проценти оваа година, продажбата на електрифицирани возила е порасната за 67 проценти во февруари 2021 година. Електричните и plug-in хибридните возила сочинуваат 115.000 од вкупно 850.000 продадени единици во Европа оваа година, што е 13,6 проценти од уделот. Во истото време минатата година, истите возила имале само 6,5 проценти удел во автомобилскиот пазар.

Ова е уште еден доказ дека електрифицираните возила земаат се поголем замав на пазарот. Hyundai и BMW групацијата доживеаја надпросечен успех, додека повеќе од една четвртина од новите возила регистрирани од Daimler биле електрифицирани.

Jaguar Land Rover е најелектрифициран од етаблираните производители, со оглед на тоа дека електрифицираните возила сочинуваат речиси една третина од новите автомобили кои ги продале. Geely и Tesla сепак се лидерите кога станува збор за продажбата. Tesla Model 3 е најпродаваниот ЕВ досега оваа година, а продажбата е порасната за 55 проценти. Со повеќе од 5.400 нови регистрации, има речиси 2.000 повеќе продадени единици од Volkswagen ID.3, за кој се одлучиле 3.500 купувачи.

електрифицираните

Volvo XC40, во меѓувреме, води кога станува збор за plug-in хибридните возила. Додека продажбата достигна речиси 3.500 единици оваа година, а најимпресивна бројка е неговиот раст. Продажбата на малиот plug-in хибриден кросовер е зголемена за 323 проценти.

Peugeot 3008 и Renault Captur заостануваат за околу 1.000 единици зад Volvo, односно 3008 е продаден во 2.564, а Captur во 2.522 примероци.

Peugeot 208 најпродаван меѓу конвенционалните возила

Сепак, ако се гледа севкупно, електричните и plug-in хибридните возила се уште се далеку од автомобилите со мотори на внатрешно согорување. Така, најпродаван автомобил во Европа досега е Peugeot 208 со 18.000 продадени единици, што е повеќе од петте најпродавани ЕВ заедно.

Но, во Европа постои еден пазар каде што ЕВ и PHEV возилата ги надминуваат традиционалните конкуренти, а станува збор за Норвешка. секако. Електрифицираните возила содржат 79 проценти од продажбата во оваа скандинавска земја.

Во секој случај, бројките за батериските автомобили со сигурност ќе растат во следниот период, бидејќи голем број германски производители се подготвуваат да запрат со развојот на нови мотори со внатрешно согорување и своите ресурси ги насочуваат кон електричните погони.

 

Поврзани вести

Back to top button