fbpx

F1 класик: Првата победа на легендарниот Шумахер за Ferrari

Легендарниот Михаел Шумахер во својата кариера оствари преку 70 победи за Ferrari во текот на 11 сезони, а се започна со феноменалната победа во првата сезона

Scuderia Ferrari направи вистински потег кога направи исчекор и го ангажираше Михаел Шумахер со цел да ја врати старата слава на италијанскиот тим во Formula 1. Ferrari F310 во 1996 не беше конкрентен за Williams FW18, кој беше водечки во тој период. Сепак, таа година на Големата награда на Шпанија временските услови беа на страната на италијанскиот тим и германскиот возач, со што на Шумахер му се овозможи да го покаже сиот свој раскошен талент и вештина за возење на влажна патека, оставајќи ги сите ривали зад себе.

Во прилог е видео од комплетната трка од Големата награда на Шпанија и првата победа на Шумахер во болидот на Ferrari во Formula 1. Уживајте…

https://youtu.be/csI2dzm-lqY

Поврзани вести

Back to top button