fbpx

F1 наместо квалификации воведува спринтерски трки

Со цел да донесе нешто ново и поатрактивно, Formula 1 би можела да воведе спринтерски трки на ден пред главните трки во текот на новата сезона

Челниците на Formula 1 сериозно размислуваат за воведување на еден новитет во текот на сезоната кога станува збор за саботните распореди, на ден пред трките за големите награди. Предлогот е воведување на спринтерски трки, а според истиот, квалификациите ќе бидат преместени за петок. Квалификациските сесии во петок ќе го одредат стартниот формат за спринтерските трки во сабота, кои ќе понудат дополнителни поени за најдобрите осум тркачи и ќе го одредат стартниот поредок на главната F1 трка во недела.

Тимовите и спортските шефови разговараа за оваа тема на видео конференција минатата недела, за време на средбата на Formula 1 комисијата. Според Formula1.com, сите засегнати страни со задоволство го прифатиле овој предлог, со тоа што F1, FIA и 10-те тимови понудиле и широка поддршка за овој план.

Засега, трките во Канада, Италија и Бразил се главни фаворити да бидат домаќини на овие саботни спринтерски трки, а за време на едно неодамнешно интервју, шефот на Formula 1 Стефано Доменикали потврди дека „најбрзиот циркус на планетата“ бара начини со кои ќе се внесе една нова енергија во шампионатот.

„Сите тимови ја препознаа големата важност за да се доближат до фановите на нови и иновативни начини, со цел да се осигура уште повозбудлив Formula 1 викенд. Токму затоа, наидовме на широка поддршка од сите засегнати страни за нов квалификациски формат на некои трки, а работната група веќе е задолжена за креирање на целосен план со цел да се добие конечна одлука пред почетокот на сезоната 2021“, стои во соопштението на F1 и FIA.

Поврзани вести

Back to top button