СПОРТ

Еден-два победа на Ferrari во Унгарија

Себастијан Фетел и Кими Раиконен му донесоа нова двојна победа на Ferrari сезонава, во трката за Гран при за Унгарија, 11-та од светскиот шампионат во F1

Себастијан Фетел и Кими Раиконен му донесоа нова двојна победа на Ferrari сезонава, во трката за Гран при за Унгарија, 11-та од светскиот шампионат во F1. На подиумот се најде и Валтери Ботас од Mercedes, кој според договорот беше пропуштен од Хамилтон на само неколку метри пред целта.
Трката освен она извртување на Рикардо, по ударот од страна на Верстапен, по што од болидот на RedBull на Австралијанецот потече некоја течност беше крајно монотоана се до влегувањето во боксот на болидите, кои овој пат се одлучија со стратегија за едно минување низ питлејнот. Некако во тој момент стјуардите му доделија и казна за загрозивање на безбедноста на Верстапен од 10 секунди и како ова да беше почеток на возбудувањата кои ги имавме до самиот финиш.

Најнапред по менувањето на гумите во боксот Кими имаше шанса да излезе пред Фетел, но подзапре, па Германцеот повторно ја поведе колоната на која беше од самиот почеток на трката, откако ја освои пол позицијата. По ова следеше договорот меѓу возачите на Mercedes, откако слушнаа преку радиото дека Фетел има одредени проблеми со управувачот, па Ботас го пропушти Хамилтон, кој реши да се обиде да ги помати сметките на возачите на Ferrari. Од круг во круг Британецот ја топеше предноста и на момент се најде на неполна секунда позади Раиконен, а само 1,4 секунди зад Фетел. Но, плашејки се да не го доживеат истото фијаско како Ferrari во Силверстон, од Mercedes му препорачаа на Хамилтон да подсопре и да се задоволи со тоа што го оствари до тој момент. Како голем спортист Хамилтон го испочитува договорот со својот клупски колега, ако не направи ништо дека ќе го пропушти Финецот и веќе напоменавме тоа се случи на само неколку метра пред целта, па Ботас се најде на подиумот.

За титулата возач на денот конкурираа повеќе возачи, најнапред Верстапен, кој и покрај казната од 10 секунди во последните два круга имаше шанса да го престигне Ботас и да падне во вода диоговорот меѓу Мерцедесовите пилоти, кој рака на срце може и да бидат казнети за ова. Потоа Фернандо Алонсо, кој му донесе најголем успех на McLaren сезонава, откако заврши шести веднаш зад најдобрите, а поени освои и неговиот клубски колега Штофел Вандорн.

Пред летната пауза Фетел ја зголеми предноста пред Хамилтон во битката за титулата на 14 поени по четврта победа за годината и втор двоен успех на италијанскиот тим по ГН на Монако. Следниот старт во Формула 1 е на 27 август, кога е ГН на Белгија на патеката Спа.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker